Наставниот кадар претставува професионален и стручен тим кој се грижи за воспитно-образовниот процес во градинката. Во составот на кадарот влегуваат:
-
воспитувачи со завршено високо образование од областа на предучилишното воспитание,
-
негователи со соодветна стручна подготовка,
-
стручна служба (психолог, педагог, дефектолог и логопед),
-
помошен персонал кој активно учествува во секојдневните активности на децата.
Кадарот редовно посетува обуки и стручни советувања за унапредување на своите знаења и вештини со цел создавање безбедна, поттикнувачка и пријатна средина за секое дете.
